Сава Осигурување-дирекција

Достапен интернетWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Загребска 28-а
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈1049 км
  • Локација: Капиштец

  • Телефон 2: 02 5101500
  • Факс: 02 5101502
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1521638921_49.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Сава Осигурување е компанија која е присутна на македонскиот осигурителен пазар скоро 25 години со целосна посветеност - на своите клиенти да им обезбедиме врвна грижа.
- Ние сме стабилен осигурувач и одличен исплаќач на штети.
- Препознатливи сме како сериозен и доверлив партнер на осигурениците и деловните соработници. Вложуваме во одржување на високата корпоративна култура базирана на транспарентност и тимска работа.
- Секогаш сме на врвот со иновативните решенија во корист на своите клиенти.
- Правиме осигурувања по мерка на своите клиенти, имајќи ги во прв план нивните потреби и буџет.
- Располагаме со моќни внатрешни капацитети: посветен тим од над 200 вработени, високо развиена продажна мрежа, станица за технички преглед, сопствен контакт-центар за поддршка преку телефон и онлајн, како и сопствен асистентски центар за организација и координација на помош и услуги при одредени штети. На тој начин, секогаш сме им достапни и на располагање на своите клиенти.
- Припаѓаме на една од најмоќните осигурителни групации во Југоисточна Европа – на чело со нашата матична куќа Сава Ре од Словенија која има 40 годишна историја. Сава Ре неодамна влезе и на пазарот на пензиско осигурување станувајќи сопственик на НЛБ Нов пензиски фонд а.д. Скопје, со што ги оствари своите развојни цели и ја утврди стабилната позиција на осигурителниот пазар во Република Македонија.

• Осигурувања по мерка
• Одлична исплата на штети
• 25 години искуство
• 40 подружници
• 200+ вработени
• Онлајн продажба на www.sava.mk
• Станица за технички преглед Сава Стејшн
• 24/7 контакт-центар
• Асистентски центар за организација и координација на помош

ОСИГУРУВАЊА
Имаме бројни можности да помогнеме најдобро да го заштитите својот имот, домот и семејството. Еве, што издвојуваме и препорачуваме како посебно корисно:
• Домаќинско осигурување
Осигурувањето на домот со сѐ она што значи вредност во него, за вас и вашето семејство ќе обезбеди заштита, сигурност, спокојство: што и да се случи, вие имате на кого да се потпрете и да му верувате.
Полисата за домаќинско осигурување претставува заштита на вашиот станбен објект заедно со предметите во домаќинството и помошните објекти (на пример, гаража). Со неа обезбедувате покритие од уништување, исчезнување или оштетување, настанати како последица на осигурените опасности. Во зависност од опфатените ризици, дефинирани се 3 пакета на осигурување на домаќинството: основен, стандарден и луксузен пакет.
Единствено кај нас во Сава осигурување, најчестите опасности т.е. ризици (пожар, поплава, излевање на вода од водоводни и канализациони инсталациии, од уредни цевки од топловодни инсталации, кршење на стакло на прозорците итн.) се вклучени во полисата како основен ризик, односно ризик кој не треба дополнително да го платите.
Дополнително на сето ова, ја добивате и услугата за 24/7 Домашна асистенција – помош во моментот кога ќе се случи незгода во домот за која е неопходна итна интервенција од мајстор. Се јавувате на дежурниот број на асистентската куќа и добивате помош за санирање на проблемот: мајсторот ќе биде испратен во најкраток рок!

• Осигурување на моторни возила
Од нас ја добивате најкомплетната понуда за осигурување на моторни возила на македонскиот пазар: покрај автоодговорност, каско, зелен картон, имаме и еден вид каско на возачот, услуга за заменско возило, автомобилска асистенција, каско за постари возила.

- Осигурување од автомобилска одговорност (АО)
Законски задолжително осигурување кое се прави годишно, при регистрација на возилото. Претставува осигурување на одговорноста на сопственикот на возилото, ако при сообраќајна незгода им нанесе штета на трети лица.

- Каско осигурување
Авто каско осигурувањето овозможува да го осигурате своето моторно возило од оштетување или уништување. Кај нас е достапно во три пакети: Суперпотполно, Потполно и Мини каско осигурување, во зависност од ризиците кои сакате да бидат покриени.
Освен овие, постојат и други можности за каско осигурување на возила кои се прилагодени на потребите на нашите клиенти: Каско на паркинг – за заштита на возила во мирување на паркинг; Каско на прв ризик - продукт за заштита на патнички возила постари од 6 години.

- Зелен картон
При патувања надвор од Република Македонија, неопходно е за возилото да имате “зелен картон”. Тоа е територијално проширување на полисата за АО во сите европски земји кои се членки на Системот за зелен картон.

- Осигурување на возач - корисник (АО плус) – единствено во Сава осигурување!
АО полисата може да биде надградена со со осигурување на возачот од телесни повреди кои би ги претрпел во сообраќајна незгода која самиот ја предизвикал. За само 599 денари годишно, добивате покритие до 25.000 евра во ситуација за која не следува обештетување по АО. Важи на територијата на Република Македонија и сите членки на Европската Унија.

- Автомобилска асистенција 24/7
Автомобилската асистенција може да биде придружба на вашата АО или каско полиса. Претставува 24/7 поддршка и организација на помош при бројни опасности за моторни возила, во земјата или странство. Со само еден телефонски повик добивате организација на асистенцијата, како и покритие на трошоци за: поправки во случај на помал дефект, за влечење и пренос на возилото, превоз на возачот и патниците до крајната дестинација, изнајмување на заменско возило, услуга во случај на снемување на гориво, губење на клучевите на возилото и друго.

• Патничко осигурување
Патувањата по светот често знаат да бидат непредвидливи. Не знаеме што нè чека на следната кривина. Најсигурен начин секогаш подготвени да ја дочекаме кривината, а патувањето да остане во убав спомен е - да се осигураме.
Со нашата полиса одите безгрижно на пат, бидејќи добивате помош и поддршка во ситуација кога е потребна итна медицинска грижа, правна помош, помош со изгубен багаж при патување со авион...
Патничкото осигурување може да биде склучено за минимум три дена и за максимален рок од една година со поволности при склучување на полиси за семејно патување, студентско, бизнис или групно патување.

• Осигурување на фирми
Вашиот бизнис е секојдневно изложен на разни опасности, кражби, временски непогоди или несреќи. Постојат повеќе видови на заштита, но ништо не може толку квалитетно да го заштити вашиот капитал како осигурувањето.
Го осигуруваме она што може да биде важно во еден успешен бизнис: имотот со објектите, инвентарот и вредностите, како и возниот парк, транспортот, одговорноста. Оваа комплексна заштита се работи со посебно внимание и покрива голем број ризици: пожар, провална кражба, земјотрес и други опасности.
Креираме специјални покритија за осигурување на најважното – човечкиот потенцијал. За вработените обезбедуваме осигурување од незгода (инвалидитет, последици од несреќен случај, смрт), а може да опфаќаат различни групи или категории согласно потребите на деловниот партнер.

Никогаш сами на пат!
Никогаш сами дома!
Никогаш сами на патување!
Никогаш сами при незгода!
Никогаш сами при болест!
Никогаш сами во бизнисот!

повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи