Рима стил


  • Адреса: Индустриска зона 1/41
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈1052 км
  • Локација: Индустриска Зона Маџари

  • Факс: 02 2468071

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1631258546_24.jpg?t=true&w=300&h=300


Слика од локација
Рима Стил Дооел е водечка компанија на територијата на Р. Македонија во областа на црната и обоената металургија, завршни занаетчиски работи и производи од лим. Основана е во 2000 година, 100 % приватна сопственовст и до денес успешно се справува со предизвиците на македонскиот пазар. Водени од мотивот да бидеме што поблиску до потребите на секој корисниск, нашата стратегија е континуирано зголемување на нашата понуда. Овде неопходен дел е и инвестициите во набавка на соодветни машини за изработка на различни типови на профили, форми.
Денес, компанијата брои 21 вработени, сопствени современ погон, возен парк и склад за обработка и складирање на материјалите.
Со своето квалитетно и ефикасно работење, нашата компанија има воспоставено деловна соработка со со голем број бизнис партнери во Македонија. Најбитен наш партнер добавувач е компанијата Liberty House Group (поранешна Железара), со која нашата компанија има склучено екслузивен договор за купопродажба на материјали однсоно лимови со строго проверено потекло и врвен квалитет. Практично, ние работиме исклучиво со овој тип на материјали и со секоја продажба издаваме сертификат за потеклото и квалитет.

Секојдневниот контакт со купувачите ни овозможува постојано да ја одржуваме и унапредуваме долгогодишната успешна соработка. Се трудиме да се приспособиме на пазарните промени и потреби на клиентите, а со тоа истовремено и да изградиме долготраен партнерски однос кој се темели врз взаемна доверба. Нашиот тим е секогаш подготвен стручно, квалитетно и ефикасно да одговори на вашите прашања.
Фирмата работи по ISO стандардите 9001:2000 и 14001:2004

Дополнително, после опсежна анализа на нашето продуктното портфолио и начинот на работење, Рима Стил ДООЕЛ поседува и СЕРТИФИКАТ ЗА КВАЛИТЕТ IASS 2019: 2021".
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи