| 
     Слика од локација  ЈУ-СМ е компанија која нуди ефективни и ефикасни реализации на услуги, односно комплетни работни услуги, како во нашата Република така и во земјите од опкружувањето. 
повеќе Услуги: • Најсовремена технологија за монтирање скелиња од типот ЛАУХЕР и РУХ. • Монтажни скелиња кои ги исполнуваат сите барања според ДИН стандардите и се применуваат во различни објекти: облакодери, градење мостови, индустриски објекти, реставрација, поправка и преместување на објекти, итн. • Технологија за градба во урбани средини со најнови техники по сите стандарди. • ЈУ-СМ располага со свои објекти, со кои опфаќа голем дел во Македонија и соседните земји. Главен фокус на компанијата се јавни, инфраструктурни, комерцијалини, индустриски и станбени објекти. Компанијата е орентирана на ефикасна и висококвалитетна реализација на изведби односно монтажа, демонтажа, транспорт и изнајмување висококвалитетни брзомонтажни модуларни скелиња и фиксни и подвижни работни платформи, во согласност со барањата на најсовремените стандарди на работење, законските и регулаторните барања за здравје и безбедност при работа, добрата инженеринг пракса и аспектите за зачувување на животната средина. Трајна определба на компанијата е навремена испорака на услуги со врвен квалитет, со примена на најсовремени техничко-технолошки достигнувања, материјали и компоненти и почитување на најсовремените барања на корисници и релевантните законски и регулаторни барања на безбедност и здравје при работа, квалитет и најдобра инженеринг пракса. Употреба на современа иновативна технологија и вградени компоненти и материјали од врвни светски производители како LAYHER, ALTRAD, BAUMANN, RUX и др, како и трајната определба на имплементација на современите барања на европските и меѓународните стандарди за модуларни брзомонтажни скелиња EN 10219-1/; EN 102810; EN 12811; EN 12811; EN 12812; TG 20:08; Z-8.1-16.2; Z-8.1-840; Z-8.1-844; меѓународните кодови за превенција на опасности по здравје и безбедност при изведба на монтажни скелиња и др, ја позиционира компанијата во водечки испорачувач на супериорни услуги од својата бранша, реализирани под контролирани услови и базирани на превентивен пристап на управување на сите фази на разработка и финална реализација. ЈУ-СМ е прва компанија во Република Македонија од својата бранша сертифицирана согласно меѓународниот стандард ISO9001:2008 од страна на реномираното германско сертификационо тело TÜV RHEINLAND GROUP; едно од најстарите и најпрестижните супервизорски сертификациони тела во светот. Качете се сигурно до максимални висини со скелиња монтирани од нас! | Слика од локација  Мапа | 



