ЈУ-СМ

ПаркингWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: с.Жеровјане
  • Место: Тетово
  • Оддалеченст: ≈7471 км

  • Телефон 2: 044 366426
  • Факс: 044 366426
  • Работно време: Пон - Пет од 07:00 до 17:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1398854461_13.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

ЈУ-СМ е компанија која нуди ефективни и ефикасни реализации на услуги, односно комплетни работни услуги, како во нашата Република така и во земјите од опкружувањето.

Услуги:
• Најсовремена технологија за монтирање скелиња од типот ЛАУХЕР и РУХ.
• Монтажни скелиња кои ги исполнуваат сите барања според ДИН стандардите и се применуваат во различни објекти: облакодери, градење мостови, индустриски објекти, реставрација, поправка и преместување на објекти, итн.
• Технологија за градба во урбани средини со најнови техники по сите стандарди.
• ЈУ-СМ располага со свои објекти, со кои опфаќа голем дел во Македонија и соседните земји.

Главен фокус на компанијата се јавни, инфраструктурни, комерцијалини, индустриски и станбени објекти. Компанијата е орентирана на ефикасна и висококвалитетна реализација на изведби односно монтажа, демонтажа, транспорт и изнајмување висококвалитетни брзомонтажни модуларни скелиња и фиксни и подвижни работни платформи, во согласност со барањата на најсовремените стандарди на работење, законските и регулаторните барања за здравје и безбедност при работа, добрата инженеринг пракса и аспектите за зачувување на животната средина. Трајна определба на компанијата е навремена испорака на услуги со врвен квалитет, со примена на најсовремени техничко-технолошки достигнувања, материјали и компоненти и почитување на најсовремените барања на корисници и релевантните законски и регулаторни барања на безбедност и здравје при работа, квалитет и најдобра инженеринг пракса.

Употреба на современа иновативна технологија и вградени компоненти и материјали од врвни светски производители како LAYHER, ALTRAD, BAUMANN, RUX и др, како и трајната определба на имплементација на современите барања на европските и меѓународните стандарди за модуларни брзомонтажни скелиња EN 10219-1/; EN 102810; EN 12811; EN 12811; EN 12812; TG 20:08; Z-8.1-16.2; Z-8.1-840; Z-8.1-844; меѓународните кодови за превенција на опасности по здравје и безбедност при изведба на монтажни скелиња и др, ја позиционира компанијата во водечки испорачувач на супериорни услуги од својата бранша, реализирани под контролирани услови и базирани на превентивен пристап на управување на сите фази на разработка и финална реализација.

ЈУ-СМ е прва компанија во Република Македонија од својата бранша сертифицирана согласно меѓународниот стандард ISO9001:2008 од страна на реномираното германско сертификационо тело TÜV RHEINLAND GROUP; едно од најстарите и најпрестижните супервизорски сертификациони тела во светот.

Качете се сигурно до максимални висини со скели монтирани од нас!
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи