| 
     Фото и видео галеријаИНЕН ДЕКОР е мало претпријатие со богато искуство во производство на градежна столарија од дрво. Ние создававме традиција и доверба повеќе од 50 години, комбинирајќи го занаетчискиот пристап со современи технологии и европски стандарди.
повеќе Нашата дејност опфаќа: • Прозорци (стандардни и по нарачка) • Влезни и собни врати • Терасни врати • Гелендери • Ентериерни дрвени решенија по мерка Сите производи се изработени од квалитетно дрво со еко-бои, лакови и термо систем, обезбедувајќи трајност, естетика и енергетска ефикасност. Посебна гордост ни е реставрацијата на објекти од старата македонска архитектура — куќите на Робевци, Уранија, Узунов, манастирите Св. Јован Бигорски и Св. Наум, како и бројни објекти во Охрид, Битола, Струмица, Крушево и Грција. ИНЕН ДЕКОР гарантира квалитет, навремена испорака и целосна одговорност кон секој клиент. Отворени сме за соработка со градежни компании и индивидуални инвеститори. | Мапа | 
