Гешталт центар - Аспекти, Тренинг Институт "Младен Костиќ"

ПаркингЈавен превозWi-Fi ЗонаКлиматизирано

  • Адреса: Палмиро Тољати 23
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7499 км

  • Телефон 2: 075 474626
  • Работно време: Пон - Пет од 10:00 до 18:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1505310081_93.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Гешталт центар - Аспекти, Тренинг Институт "Младен Костиќ" e институт за Гешталт тренинг, едукација и психотерапија. Потребата да им се помогне на граѓаните во промена на свесноста за себе и за другите во насока на подобрување на психосоцијалното здравје, преку усвојување на креативни начини на адаптација во услови на брзи општествено-економски промени во заедницата со хуманистички и едукативен пристап.

Како работиме со нашите клиенти:
• Индивидуална психотерапија
Терапевтот нема готови решенија, но е тука за клиентот да му помогне да стане свесен за тоа како се чувствува и како учествува во неговиот живот и настаните околу него.
• Психотерапија за парови
Психотерапијата или советувањето со брачен партнер е наменето за парови кои имаат потешкотии во меѓусебната комуникација
• Семејна психотерапија
Семејната психотерапија е модерен терапевтски модел кој вклучува работа со поединецот, партнерите и семејството.
• Online советување
Психотерапија преку Skype, Viber... Психотерапевтот или психологот најчесто користи апликации кои овозможуваат визуелен контакт.

Вредности кои нашата ГО ги практикува и промовира:

1.Хуманистички пристап кон граѓаните и прифаќање и разбирање на индивидуалноста на личноста
2.Почитување и толеранција на различностите, емпатија и сочувство
3.Почитување на право за дискреција на лични податоци
4.Секој има право да бара и добие психосоцијална поддршка и помош
5.Унапредување на професионалната компетентност
6.Промовирање на психолошките знаења и вештини

За дополнителни инфирмации и прашања нашиот тим ви стои на располагање
Снежана Андреева - Кл.психолог, психотерапевт, тренер +389 71 878 706 / +389 70 360 432
Лидија Попчева - Психолог, психотерапевт, тренер +389 70 273 535
Радмила Манчевска - Психолог, психотерапевт, тренер +389 75 379 005 / +389 78 833 301
повеќе

Видете ги нашите производи на
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи