| 
     Фрагмат-мак е словенечко - македонска компанија која се занимава со производство на EPS (експандиран полистирен) - стиропор.
повеќе Во текот на своето работење фабриката воведе во призводство и нови артикли, како што се украсните фасадни профили и столбови, потоа повеќе иновации во градежништвото, олеснети меѓукатни конструкции (систем FRAGMAT MК1 и МК2), надворешни фасадни ѕидови од стиропор (систем FRAGMAT N31) за кои е добиена исправа за патент од Државен завод за индустриска сопственост. Овие производи наоѓаат се поголема примена при изградбата на градежни објекти, како во Македонија, така и во Бугарија и Србија. Производи: • Топлинска Изолација EPS • Системи за градба • Декоративни фасадни профили • Хидроизолација • Подно Греење • Топлинска Изолација XPS • Комби плочи • Внатрешни лајсни XPS Во процесот на производството се користи исклучиво влезна суровина од произведувачи кои имаат сертификат ISO 9001 или ISO 9002, што гарантира квалитет на готовите производи. FRAGMAT MAK е дел од групацијата FRAGMAT во чиј состав се наоѓаат и FRAGMAT TIM, FRAGMAT IZOLIRKA и DEMIT од Словенија, потоа OKIPOR - Загреб и Сплит, Хрватска, FRAGMAT IZOLIRKA Грачаница, Босна и Херцеговина и TIM IZOLIRKA Шид, Србија, што значи дека групацијата FRAGMAT покрива голем дел од пазарот во Југуисточна Европа. FRAGMAT MAK со своите производи покрива голем дел од пазарот во Македонија, а околу 28% од вкупната продажба е пласирана на пазарите во Бугарија, Косово, Албанија, Србија и околу 10% од вкупниот извоз се реализира на германскиот пазар. | Мапа | 



