Екомагија

ПаркингWi-Fi ЗонаРаботиме 7 дена во неделатаКлиматизирано

  • Адреса: бул.Партизански Одреди 17-4/2
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7499 км
  • Локација: спроти Соборен Храм

  • Работно време: Пон - Нед од 05:00 до 22:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1706183474_99.png?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

Екомагија е компанија која повеќе од две години, врши услуги во областа на чистење и одржување на хигиена во Деловни простории и канцеларии, генерални чистења на нови деловни објекти и одржување на хигиена во влезови во згради.

При процесот на чистење употребуваме сертифицирани еколошки хигиенски средства, како и материјали и опрема за чистење, што силно нè уверува дека вашите канцеларии ќе бидат кристално чисти и пријатни за работа а во исто време околината целосно заштитена.

Екомагија поседува вештини, ресурси и идеи за да Ви понуди решение за сите ваши оперативни и тековни потреби.

Поради тоа, покрај чистење на Вашите деловни простории, вршиме продажба на секаков вид канцелариски материјали, продажба на хигиенски потрошен материјал, професионални решенија за ароматизирање на деловен простор како и продажба и изнајмување на средства и диспанзери за дезинфекција.

Присуството на коронавирусот ни покажа колку е важен степенот на колективна хигиена и чиста работна просторија, поради тоа нашите услуги секогаш ги усогласуваме според Вашите потреби.

За таа цел нудиме и дополнителна услуга – Професионална дезинфекција на сите работни површини, подови, и сите други достапни елементи во Вашата канцеларија.

Професионалниот тим на хигиеничари во Екомагија умее да ги задоволи и највисоките очекувања на нашите клиенти.

За да го гарантираме највисокиот стандард во услугите на одржувањето на хигиената и чистењето, користиме програм за контрола на квалитет кој вклучува високо развиена процедура и план за чистење на секој посебен објект кој секогаш е почитуван и користен од тимот на Екомагија.

Закажете го Вашето прво бесплатно чистење на 072706705 уште денес !
повеќе
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи