Дарис Инженеринг

Достапен интернетWi-Fi Зона

  • Адреса: Алексо Демниевски 7
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈1045 км

  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1418911457_1.png?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Громобранската и пренапонската заштита се главна и носечка дејност на фирмата Дарис инженеринг ДООЕЛ Скопје. Фирмата е специјализирана, опремена и комплетно сертифицирана за производство, изведба, монтажа, контрола и проектирање на системи за громобранска и пренапонска заштита.

Децениското искуство и едуцираност на вработениот кадар и стручните соработници во проектирање, производство, изведба и контрола на громобрански инсталации е стекнато со активно учество во над 500 громобрански инсталации во Република Македонија - бројка која самата по себе е достојна за почит и која се потенцира со посебна гордост!

Дарис инженеринг ДООЕЛ Скопје е единствената компанија во Република Македонија која има сопствено производство на широк асортиман громобранска опрема и прибор. Истовремено, таа е една од само неколкуте компании во Европа и светот кои произведуваат сопствено иновирани и патентирани громобрански фаќачи со уред за рано стартување (ГФУРС) и придружна громобранска опрема и прибор сертифицирани според широко прифатениот Француски стандард NF C 17-102, Шпанскиот стандард UNE 21186 и согласно Македонските стандарди МКС Н.Б4.801 и МКС Н.Б4.810.

Громобранскиот фаќач ВЕДА ТОТАЛ е моментално најсовремениот громобрански фаќач со уред за рано стартување во светот! Сертифициран е во најголемата европска високонапонска лабораторија ICMET Craiova во Романија и нострифициран е на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. ВЕДА ТОТАЛ е единствениот громобрански фаќач од било кој тип присутен на домашниот пазар, кој е тестиран и сертифициран како безбеден за употреба од Институтот за јавно здравје на Република Македонија, со потврда дека нема било какво присуство на радиоактивни нуклеиди.

Громобранскиот фаќач ВЕДА ТОТАЛ се произведува според најсовремени стандарди за овој тип опрема, користејќи строго селектирани компоненти. При производството се применува светски најиновативна и оригинална патентирана технологија. Квалитетот на секој поединечен громобрански фаќач ВЕДА ТОТАЛ се следи во секој чекор од производствената фаза, со завршна QC потврда.

Уште повеќе, во соработка со своите деловни партнери компанијата Дарис инженеринг ДООЕЛ Скопје може да понуди и најсовремена интегрирана повеќестепена опрема за пренапонска заштита во класа 1, 2 и 3 со единствена HEXSA COOL MOSFET технологија, согласно стандардите IEC 62305-4, IEC 61643-1, IEC 60939-2 и ANSI/IEEE C 62.41.1-2. Опремата е сертифицирана како најбрза во својата класа со време на реакција помало од <1ns (наносекунда).

Палетата производи и услуги на Дарис инженеринг ДООЕЛ Скопје во областа на громобранската и пренапонската заштита опфаќа:

- громобрански фаќачи со уред за рано стартување (ГФУРС), тип ВЕДА ТОТАЛ;
- мерни инструменти за испитување на исправноста на ГФУРС;
- мерни иструменти за далечинско бесконтактно испитување на исправноста на ГФУРС;
- соларни панели за далечинско бесконтактно испитување на исправноста на ГФУРС;
- бројачи на удари на молња;
- Франклинови стапести громобрански фаќачи;
- завршни (крајни) громобрански фаќачи согласно стандардот EN 62305-3;
- јарболи за громобрани;
- носачи за громобрански јарболи во изведба со или без можност за соборување;
- заземјувачки електроди;
- материјал за подобрување на заземјувачките својства на земјиното тло;
- овесна и спојна опрема (вкрсни спојки, држачи за поцинкувана лента, опфатници ...);
- уреди за детекција на грмотевично невреме;
- стручна техничка помош и посредување при демонтажа на радиоактивни громобрани (РАГ);
- најсовремена опрема за пренапонска заштита во класа 1, 2 и 3;
- проектирање и изведба на громобрански инсталации и пренапонска заштита;
- стручен консалтинг за громобранска и пренапонска заштита.

Квалитетот на сите производи и услуги се потврдени со сертификат ISO 9001:2008 и со континуираната едукација на стручниот кадар, иновативен развој на сопствени производи и постојан напредок со врвна сертифицирана технологија и автентичен know-how.

За сите понудени производи и услуги компанијата Дарис инженеринг ДООЕЛ Скопје на своите клиенти и соработници им нуди беспрекорна постпродажна стручна техничка поддршка, наменски обуки и сервис.
повеќе

Видете ги нашите производи на
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи