| 
     Слика од локација  Bi-MEK ДОО, медицинска компанија за здравствена технологија, е ексклузивен дистрибутер на многу светски производители од прва класа за медицинска опрема.
повеќе Специјализирани сме за продажба, дистрибуција, инсталација, обука за апликација, сервис и одржување на медицинска опрема, со повеќе од 23 години искуство и големо портфолио на инсталации низ целата земја. Нашата главна цел е да обезбедиме квалитетна услуга и одржување за нашите клиенти, која одговара на сите нормативни барања и е во согласност со меѓународните стандарди. Вредностите кои ја водат нашата компанија кон успех се квалитет, усогласеност, доверба, иновации и разбирање на потребите на нашите клиенти. Асортиманот на Bi-MEK опфаќа широк спектар на дијагностичка и болничка опрема, како и специфична опрема која ги задоволува потребите на различни медицински специјалности. Работиме успешно со години во кои компанијата изгради репутација на доверлив партнер и ужива висок степен на доверба кај клиентите во препознавање на брендот. Сервисен процес Ние сме доверливи експерти Нашиот сервисен оддел е специјализиран за поправка, превентивно одржување и електрична безбедност на медицинска опрема. Имаме стручен и комплетно обучен тим од искусни техничари кои можат да се справат со сите видови поправки, одржување, инспекции и калибрации на опрема. Нудиме квалитетни и ефикасни услуги и персонализирано внимание за сите наши клиенти. Се стремиме да ги надминеме очекувањата на клиентите и нудиме флексибилност за да ги исполниме роковите и различните потреби. Сертификати На нашите клиенти им нудиме максимална поддршка и професионален пристап во сите преземени активности. Во насока на континуирано подобрување на нашите услуги: • Bi-MEK го има имплементирано меѓународниот ISO 9001:2015 Стандард за управување со квалитет. • Bi-MEK го има имплементирано ISO 14001:2015 систем за управување со животната средина. • Bi-MEK го има имплементирано меѓународниот стандард ISO 13485:2016 за управување со квалитет на медицински уреди. | Слика од локација  Мапа | 




