Мермерен комбинат


  • Адреса: Леце Котески 60-а
  • Место: Прилеп
  • Оддалеченст: ≈7547 км

  • Факс: 048 418998
  • Работно време: Пон - Пет од 07:00 до 15:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1573733016_57.jpg?t=true&w=300&h=300


Слика од локација

Фото и видео галерија

МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп, формиран во 1946 година, е глобален лидер во екстракција и преработка на снежно бел мермер. Сивец ® е регистрирана трговска марка на ситно-грануларен доломитски мермер кој се вади од каменоломите на нашата компанија, во близина на градот Прилеп.

Нашиот Сивец® мермер е одбран да го даде карактеристичниот и ексклузивно бел изглед на многу големи и добро познати проекти – неворојатни уметнички дела како што е величенствената Голема Џамија на Шеик Заед во Абу Даби која е секако една од најубавите религиозни објекти во светот, каде Сивец®-от е употребен на надворешната фасада и четирите минариња во количина од повеќе од 100.000 м2.

Компанијата работи на пет големи каменоломи кои покриваат околу 30% од површината на концесијата која зафаќа 1,9 км2, со што претставува најголем рудник за бел мермер во целиот свет. Каменоломите се наоѓаат на 10 километри североисточно од Прилеп. Погоните за преработка во кои се преработува суровиот материјал од рудникот Сивец®, се лоцирани во градот Прилеп. Вкупната површина на фабриката зафаќа 65.000 м2, вклучувајќи и големи магацини за складирање на финални производи.

Табли и плочки, полирани и неполирани во сите димензии, како и обработен гранулат, буња и изработени по порачка производи на CNC машините се само дел од производите кои можат да бидат произведени во фабриката. Природата ни дала многу скриени богатства. Нашите предци успеале да откријат едно од нив, кое ние во последните седумдесет и една година внимателно го користиме, претворајќи го во безвременски уметнички дела – секое едно со единствена убавина и благороден изглед.

МИСИЈА - Обезбедување врвна вредност за нашите инвеститори и клиенти, благодарение на нашиот уникатен снежно - бел мермер, преку извонредно работење, мотивирани вработени и усогласеност со највисоките етички, безбедносни и еколошки стандарди.

ВИЗИЈА - Отпочнување нова ера на развој, раст и продуктивност, во која компанијата ќе стане репер компанија во мермерната индустрија.

ВРЕДНОСТИ - Извонредност во нашето работење; Интегритет во нашиот однос со сите заинтересирани страни; Одговорност за нашето влијание врз општеството и природата.

Внимателно разработената комерцијална мрежа и близината до пристаништето во Солун, кое се користи како главен логистички центар, ни овозможуваат дистрибуција на Сивец®-от на сите континенти.

Можете да не посетите на улица Леце Котески 60-а во Прилеп или да не контактирате на нашиот телефонски број +389 048-418-940.
повеќе

Видете ги нашите производи на
Слика од локација
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи