Хест

ПаркингРаботиме 6 дена во неделатаWi-Fi ЗонаПлаќање со кредитни картичкиДостава

  • Адреса: Скупи б.б.
  • Место: Скопје
  • Оддалеченст: ≈7496 км
  • Локација: Злокуќани, до Систина

  • Телефон 2: 02 2551188
  • Факс: 02 3095560
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00
    Саб од 08:00 до 15:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1601538436_74.png?t=true&w=300&h=300


Фото и видео галерија

Хест е фабрика за производство на индустриски и декоративни бои и лакови основана во 1990 година во Скопје, Македонија.

Целосно посветени на квалитетот, безбедноста и ефикасноста, низ долгогодишни истражувања и усовршувања успеваме да го одржиме производството континуирано и разноликo, пласирајќи производи што наоѓаат употреба во секоја гранка на градежништвото.

Располагаме со широка палета на производи, од универзални премази до специјално наменски премази, сликарски бои, лепила за плочки, стиропор и глет маси.
Без разлика дали станува збор за мало или големопродажба, нашата услуга е брза и ефикасна, а нашите клиенти секогаш задоволни.

Денес нашата фабрика е поделена на два индустриски дела:

Погон за производство на прашкасти материјали(глет маси, лепаци) и погон за призводство на течни премазни материјали(декоративни и индустриски премази).
Покрај големо продажбата Хест има свој малопродажен дуќан каде што се услужуваат клиентите со помала потреба од количини.

Контиунираното учење и усовршување на работниот кадар резултира со постигнување на добри резултати преку продажбата на квалитетни производи и одржување на добри партнерси односи со клиентите.

Растеме на пазарот за индустриски и декоративни бои и лакови благодарение на незаменливите премазни перформанси, кои се внимателно и грижливо формулирани, со помош на нашиот стручен и посветен тим.

Со обезбедување на ефикасни и одржливи решенија, се трудиме да понудиме најдобра можна понуда за луѓето на пазарот денес, и за генерациите коишто следат.
Долгогодишни застапници сме и на престижниот бренд за бродски премази-ХЕМПЕЛ со којшто имаме успешна соработка изминатите години работа.

Нашата мисија е да воспоставиме, одржиме и унапредиме нови партерски односи со клиенти од земјава и странство и да освоиме нови тржишта преку континуирано унапредување на производните процеси и посветена работа.

Целосно сме предадени на нашата работа, за што зборува успехот на секој наш проект.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи