Алма Савиќ


  • Адреса: Братство Единство б.б.
  • Место: Богданци
  • Оддалеченст: ≈7634 км
  • Локација: с.Селемнија

  • Факс: 034 218366
  • Работно време: Пон - Пет од 08:00 до 16:00

//1050864291.rsc.cdn77.org/sites/zk/docs/trans{mk}logo_1636623637_62.png?t=true&w=300&h=300


Ал Ма-Савиќ ДООЕЛ е семеен бизнис со долга традиција во производство и трговија на овошје и зеленчук и тенденција за нивна промоција и пласман на странските пазари. Работиме и сме во директен контакт со производителите на овошје и зеленчук, т.е. работиме без посредници и го претставуваме првото ниво во трговијата.

Ал Ма Савиќ ДООЕЛ е доверлива компанија, доследен и навремен добавувач на овошје и зеленчук и на домашниот и на странскиот пазар, која обезбедува испорака на широк асортиман на производи од домашно и странско потекло. Настојуваме да обезбедиме квалитетна услуга со доволни и разновидни количини, брза испорака и пристојна цена која ќе биде конкурентна на вашите пазари, што овозможуваат тенденција за градење долгорочни партнерства со домашни и странски клиенти.

Ал Ма Савиќ ДООЕЛ се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија помеѓу двата града Богданци и Гевгелија, на само неколку километри од граничниот премин Богородица. Поволната локација и медитеранската клима во комбинација со плодната почва и близината на реката Вардар, во овој медитерански простор се одгледуваат медитерански плодови. Како резултат на големиот број од 240 сончеви денови во годината со годишно количество од 2392 сончеви часови, овозможуваат успешно производство на многу градинарски култури, во кои како специфична се издвојува зимската зелка, што успева само во овој дел од Македонија. Плодната почва и чистата еколошка средина, поради близината на планината Кожув, овозможуваат производство на еколошки чисти и здрави земјоделски и градинарски овошни култури.

Со текот на годините, стекнавме долгогодишно искуство во производството и снабдувањето со овошје и зеленчук и сме во директна соработка со најдобрите индивидуални земјоделски подизведувачи од нашиот регион и пошироко, со што се обезбедува задоволување на побарувачката на нашите клиенти.

Нашата компанија е секогаш отворена за соработка со лојални и чесни клиенти за долгорочна соработка за заеднички интерес.
повеќе
Мапа

Логирај се на Златна Книга

Корисничко имеЛозинка



Нов корисник? | Заборавена лозинка? | Откажи